Добиточниот пазар ќе работи и во понеделник

19.08.2018 14:40 | KumanovoNews

Добиточниот пазар во селото Долно Којна ќе биде отворен и утре (понеделник), поради празникот Курбан Бајрам, информираат од ЈП „Пазариште“ Куманово.

Добиточниот пазар ќе работи и во понеделник

- За да им излеземе во пресрет на сточарите кои продаваат, но и на граѓаните кои сакаат да купат добиток за празникот  ќе работиме и во понеделник со вообичаено работно време. Затоа ги известуваме граѓаните дека можат и утре да го посетат пазарот , - изјави директорот Илир Саити.

Граѓаните од муслиманска вероиповест во вторник го слават празникот Курбан Бајрам. 

Advertisement

2008 - 2025 Kumanovonews.mk • Сите права се задржани. Текстовите не смеат да се печатат или емитуваат, во целина или во делови, без договор со Kumanovonews.mk