Добиточниот пазар ќе работи во сабота

25.09.2014 12:57 | KumanovoNews

Добиточниот пазар во селото Долно Којнаре повторно е отворен. По пауза од две недели, во сабота, на пазарот ќе се врши продажба на секаков вид добиток.

Добиточниот пазар ќе работи во сабота

Од ЈП “Пазаришта“ соопштуваат дека добиле решение од Агенција за храна и ветеринарство, со кое се отстранува забраната за продавање на добиток, бидејќи не постои опасност од заразната болест „син јазик„.

„Ги повикувам  сите сточари и граѓани, кои имаат потреба да купуваат или продаваат добиток,  да дојдат во сабота, бидејќи пазарот повторно ќе работи во вообичаениот термин. Овој пат пазарот ќе биде доста посетен, и ќе има голема понуда на добиток, поради верскиот празник Курбан Бајрам„- изјави директорот на ЈП „Пазаришта„ Илир Саити.

Добиточниот пазар беше затворен пред две недели поради појава на болеста “син јазик“ во кумановско-липковскиот регион. Откако опасностите од болеста поминаа и останатите добиточни пазари во земјава каде имаше жаришта на “син јазик“ почнаа нормално да функционираат.

Advertisement

2008 - 2025 Kumanovonews.mk • Сите права се задржани. Текстовите не смеат да се печатат или емитуваат, во целина или во делови, без договор со Kumanovonews.mk