Добиточниот пазар ќе работи во сабота и недела, до него по алтернативни патишта

22.06.2018 14:24 | KumanovoNews

ЈП „Пазариште“ ги известува граѓаните дека добиточниот пазар и пазарот за стари работи, утре и задутре, ќе работи непречено и покрај тоа што времено е затворена улицата “Никола Тесла“, кај железничкиот мост.

Добиточниот пазар ќе работи во сабота и недела, до него по алтернативни патишта

Тие ги повикуваа граѓаните, кои ќе вршат продажба на својата стока, како и купувачите да ги користат алтренативните патишта преку населбата Карпош и автопатот Куманово-Табановце, за да стигнат во селото „Долно Којнаре“ каде што се наоѓа пазарот.

Времената забрана за одвивање на сообраќај на улицата „Никола Тесла“, е од пред три дена поради рекострукција на железничкиот мост на пругата Куманово- Бељаковце.

Улицата беше затворена без предходна најава, што предизвика револт кај граѓаните.

Advertisement

2008 - 2025 Kumanovonews.mk • Сите права се задржани. Текстовите не смеат да се печатат или емитуваат, во целина или во делови, без договор со Kumanovonews.mk