Зачленете се во нашиот клуб на читатели и најновите текстови ќе ги добивате на вашата мејл адреса
Носителката на листата на советници од коалицијата на ВМРО-ДПМНЕ Елена Доцевска-Божиновска, заедно со генералниот секретар на ВМРО-ДПМНЕ Ѓорѓија Сајкоски и поранешната министерка за финансии Гордана Димитриевска-Кочоска, се сретнаа со членовите на на Здружение на угостителите „Бисер“ од Куманово.
На средбата кумановските угостители ги повториле своите барања за поголема поддршка, бидејќи се најпогодени од коронакризата.
„Кумановските угостители беа реални во своите барања и заслужуваат пред се достапност и дијалог, а потоа и поддршка и помош како еден од најпогодените сектори во последните две години. Досега слушнале многу зборови, многу ветувања, нема потреба од нови флоскули, нови потпишани меморандуми, а во реалноста да останат проблемите. Тоа што јас им го ветив е сојузништво, реално и најдобронамерно, дела, а не зборови“, вели Доцевска-Божиновска.
Секретарот Сајкоски, најави дека во следниот период угостителите и останатите стопанственици ќе имаат директна соработка и поддршка со идните градоначалник Тони Михајловски и претседателката на Советот, Елена Божиновска, за да се најде трајно решение на нивните проблеми.
2008 - 2025 Kumanovonews.mk • Сите права се задржани. Текстовите не смеат да се печатат или емитуваат, во целина или во делови, без договор со Kumanovonews.mk