Доцевска ја промовираше „Еден миг од времето“

10.12.2015 13:38 | KumanovoNews

Кумановската поетеса Оливера Доцевска денеска во Градската библиотека “Тане Георгиевски“ ја промовираше збирката “Еден миг од времето“.

Доцевска ја промовираше „Еден миг од времето“

Книгата содржи стотина песни на различни теми. На Доцевска ова и е четврта збирка поезија, а учествувала и во три антологии на македонски и словенечки јазик.

Се најдов во еден свет во кој што можам да ги отворам своите чувства. По професија сум адвокат. Тоа  е еден вентил, она што можете да го дадете внатрешното, интимното од себе. Тоа се мои песни, мои чеда. Најголемиот дел од песните во збирката ја обработуваат општествено-социјалната проблематика, преку еден суптилен аспект, не е тоа грубо и директно да го кажувате. Авторот твори во миг од времето, како што се чувствува - рече авторката.

Промоторот Трајче Кацаров вели дека поезијата е медиум со кој се изразуваат искрени чувства.

Поезијата е медиум преку кој најгласно, најпрецизно и најточно го кажуваме она што го чувствуваме - рече Кацаров.

Збирката досега е промовирана во Кратово и Куманово, а ќе се промовира и пред публиката во Скопје.

Advertisement

2008 - 2025 Kumanovonews.mk • Сите права се задржани. Текстовите не смеат да се печатат или емитуваат, во целина или во делови, без договор со Kumanovonews.mk