Зачленете се во нашиот клуб на читатели и најновите текстови ќе ги добивате на вашата мејл адреса
Дел од земјоделците на денешната средба со пратеничката Ленче Николовска се пожалија дека не им се исплатени субвенциите за 2013 година, а останале и без дел од сретствата за 2012 година.
За 2012 година нема пари за третиот квартал за предадено млеко и за обработливо земјиште. Веќе четврти квартал поминува каде што треба да ги предадеме барањата за субвенции и од сето тоа до сега нема ништо. Само празни ветувања. Чувме дека одвоиле 20 милиони евра плус за 2014 и како млад земјоделец се надевам искрено дека тие пари ќе ги добиеме до 2020 година - вели еден земјоделец.
Николовска смета дека тоа е погубно за земјоделците.
Јавно ја прашуваме партијата на власт и премиерот Груевски зошто оваа година и покрај обезбедените пари не е исплатен ниту денар за субвенции за земјоделците од буџетот за 2013, а воедно и му укажуваме дека ова доцнење е погубно за нашите бизниси. Да ви кажеме дека субвенциите не се развојна компонента, ниту пак социјална. За вас субвенциите се само изборна алатка која е во ваши раце - изјави Николовска.
Таа вели дека следните два месеци земјоделците ќе ги посетуваат претставници од ресорното министерство за да ги информираат за ИПАРД и се сомневаат дека со тоа власта ќе врши притисок врз нив за претстојните избори.Од СДСМ потсетија дека лани во овој период власт ги повикуваше земјоделците на протести пред штабот на СДСМ и Собранието со објаснување дека ако не се донесе буџетот ќе нема 130 милиони евра за субвенции.
И покрај родната и бериќетна година, пазарната цена на пченицата никогаш јавно не беше соопштена освен за сликање на ресорниот министер со земјоделските лидери со сталинистички мандат. Цената на оризот многу ниска, за цената на јаболкото никој веќе не смее ни да прозбори. Цената на млекото никаква, а од година во година се помалку ги има. Овие денови и тутунарите дојдоа на ред. Субвенциите им требаат на земјоделците да бидат конкурентни на пазарот - рече Трајан Димковски, член на советот за земјоделство и рурален развој при СДСМ.
На трибината беше потенцирано дека соседните земји завршија со исплата на субвенции за оваа година, а во Бугарија веќе од 2 јануари 2014 година ќе добиваат ваучери за зелена нафта.
Денешната трибина што ја организираше Советот за земјоделство и рурален развој на СДСМ Куманово.
2008 - 2025 Kumanovonews.mk • Сите права се задржани. Текстовите не смеат да се печатат или емитуваат, во целина или во делови, без договор со Kumanovonews.mk