Зачленете се во нашиот клуб на читатели и најновите текстови ќе ги добивате на вашата мејл адреса
Оваа есен доцни сеидбата на житни култури заради неповолните временски услови, но и поради слабата заинтересираност на земјоделците.
Вообичаено есенската сеидба започнува во средината на октомври, но поради честите врнежи од дожд сеидбата доцни. Земјоделците велат дека поради ниските цени и немањето пласман на пазарот се размислуваат дали воопшто да сеат жито.
„Есенската сеидба почна подоцна поради два многу важни моменти. Едниот од нив е слабиот интерес за сеидба. Цените на јачменот и пченицата оваа година беа многу ниски, и немаше каде да се пласира приносот, поради што имаат заостанато количини од претходната реколта. Земјоделците не сакаат да ризикуваат.Вториот момент се временските услови поради кои периодот на интензивна сеидба беше пократок. Дождот придонесе да имаме краток застој“ - изјави Сања Денковска, агроном.
Денковска вели дека снежна зима ќе биде поволна за посеаните житарици.
2008 - 2025 Kumanovonews.mk • Сите права се задржани. Текстовите не смеат да се печатат или емитуваат, во целина или во делови, без договор со Kumanovonews.mk