Доцни назначувањето на нов претседател на општинската СДСМ

18.12.2017 16:51 | KumanovoNews

Сеуште нема одлука од централата во Скопје кој ќе ја води општинската организација на СДСМ Куманово во наредните 4 години.

Доцни назначувањето на нов претседател на општинската СДСМ

 Иако Зоран Заев требаше изборот да го направи уште минатата недела, изгледа му треба  повеќе време да се одлучи меѓу предложените кандидати.

„Неизвесноста трае, нема никава информација од Скопје. Иако се очекуваше дека лидерот ќе ги повика кандидатите на консултации, но засега нема ништо. Во меѓувреме секој си лобира и се надева“, - вели партиски извор.

За највисоката општинска партиска функција конкурираа четворица кандидати: Мартин Костовски досегашен претседател, Горан Стојковски директор на ЈП Водовод, Томица Илиќ секретар на општинската организација и Даниел Стојчевски советник на градоначалникот.

Оној кој ќе ја добие подршката на Заев ќе предложи свој тим и членови за општинските партиски тела.

Со оглед на големата поделеност и фракционерство во огранокот, новиот претседател треба да го обедини членството по локалните избори. 

Advertisement

2008 - 2025 Kumanovonews.mk • Сите права се задржани. Текстовите не смеат да се печатат или емитуваат, во целина или во делови, без договор со Kumanovonews.mk