Зачленете се во нашиот клуб на читатели и најновите текстови ќе ги добивате на вашата мејл адреса
До недела ќе заврши новогодишното украсување, и Куманово ќе биде подготвено за најлудата ноќ во годината. Ова го тврдат одговорните во ЈП „Куманово-паркинг“, по обвинувањата на граѓаните дека украсувањето доцни, па во градот не се чувствува предновогодишна атмосфера.
Украсувањето отпочна денеска, а во наредните два-три дена ќе биде целосно завршено. Како и минатите години, ќе биде опфатено централното градско подрачје, двата плоштади, улиците Гоце Делчев, 11 Октомври, Ленинова, Доне Божинов, булеварите Октомвриска револуција и Трета МУБ. Украсувањето ќе биде приближно исто како лани, ќе има голема елка на градскиот плошта и светлечки украси на улиците. Се надеваме дека граѓаните ќе бидат задоволни, - изјави директорот Фадиљ Шабани.
За украсување и декорирање на градот задолжена е скопска фирма. Потрошени се 1,2 милиони денари или 300.000 денари помалку во однос на предходната година. Директорот тоа го објаснува со тешката финансиска состојба во Општината и претпријатието, поради што било одлучено да се извојат скромни средства за таа намена. Градот ќе остане украсен до 15 јануари наредната година.
Украсувањето доцни поради долгите тедерски постапки при изборот на фирмата изведувач, се правдаат надлежните.
За богато украсување на градот, според нашите соговорници, потребни се околу 2,5 милиони денари. Град Скопје за украсување ќе потроши 260.000 евра, а Струмица 2,5 милиони денари.
2008 - 2025 Kumanovonews.mk • Сите права се задржани. Текстовите не смеат да се печатат или емитуваат, во целина или во делови, без договор со Kumanovonews.mk