Додатоци за во исхрана запленети на Табановце

05.10.2015 14:09 | KumanovoNews

Сто опаковки од различни додатоци за исхрана, минатата недела се откриени на граничиот премин Табановце.

Додатоци за во исхрана запленети на Табановце

Додатоците се најдени при контрола на македонски автомобил, управуван од македонски државјанин, пријавен за влез во државата на граничниот премин Табановце автопат. Непријавените производи, пронајдени во кеси под возачкото и на совозачкото седиште се привремено задржани, а против прекршителот е поведена прекршочна постапка.

На Табановце минатата недела запленети се и 20 комплети ламела со потисна плоча и замaец за различни возила во  македонски камион.

Advertisement

2008 - 2025 Kumanovonews.mk • Сите права се задржани. Текстовите не смеат да се печатат или емитуваат, во целина или во делови, без договор со Kumanovonews.mk