Додека цепал дрва повредил рака на врсник

09.09.2016 14:29 | KumanovoNews

 Четиринаесетгодишно момче се здобило со сериозни повреди и за малку ќе останело без рака, кога негов врсник го повредил со секира додека цепал дрва.

Додека цепал дрва повредил рака на врсник

Инцидентот се случил вчера околу пладне во склад за огревно дрво „Дабо Груп“, на ул. “Моша Пијаде“ во Куманово, сопственост на З.Т.(50), кога две малолетни деца биле ангажирани од друго лице да сечат дрва за огрев.

Според полицијата додека едното момче работело, покрај него поминало другото и изгубило рамнотежа. Во обид да се задржи да не падне ја ставило раката на трупецот каде се цепале дрвата и другото го удрило со секира по раката. При тоа му го повредило малиот прст. Повреденото момче било пренесено во Клинички центар Скопје на понатамошо лекување.

 Од лекарски извори дознаваме дека детето се здобило со сериозна повреда на шаката која му била згмечена со дел од прстите, поради што итно е пратено на лекување во Скопје.  

Увид на местото на настанот извршила екипа од СВР Куманово. Јавен обвинител констатирал постоење на кривично дело предизвикување општа опасност по Кривичниот законик на Р.Македонија.

Advertisement

2008 - 2025 Kumanovonews.mk • Сите права се задржани. Текстовите не смеат да се печатат или емитуваат, во целина или во делови, без договор со Kumanovonews.mk