Доделени дипломите на 13 генерација дипломирани студенти на Еуро Колеџ

19.12.2019 11:08 | KumanovoNews

Приватната високобразовна установа Еуро Колеџ Куманово, викендов ги додели дипломите на 13 генерација додипломци и трета генерација постдипломци, студии по бизнис администрација.

Доделени дипломите на 13 генерација дипломирани студенти на Еуро Колеџ

Во името на сите професори и соработници, деканот Љубиша Петрушевски, им го честиташе завршувањето на студиската програма и им посака успешна професионална кариера.

„Уште една генерација на дипломирани студенти од прв и втор циклус на студии по бизнис администрација претставува потврда за нашата успешна работа во година во која Куманово слави 500 години од своето постоење. Еуро Колеџ уште еднаш ја потврди својата пионерска улога во развојот на високото образование во градот“, - изјави Петрушевски.

Оваа високо образовна установа покрај теоретското и практичното знаење ги оспособува студентите и со компетенции и вештини кои им се потребни за да бидат конкурентни на пазарот и да бидат успешни во своите идни менаџерски позиции. Покрај наставата, студентите имаат можност да го надополнат своето знаење и пракса преку Еразмус  + програмата во компании надвор од земјата.

Свеченоста се одржа во Младинскиот културен центар „Козјак“.

Advertisement

2008 - 2025 Kumanovonews.mk • Сите права се задржани. Текстовите не смеат да се печатат или емитуваат, во целина или во делови, без договор со Kumanovonews.mk