Зачленете се во нашиот клуб на читатели и најновите текстови ќе ги добивате на вашата мејл адреса
По повод, Денот на општина Старо Нагоричане, се одржа свеченост на која беа доделени Ноемвриски награди на поединци, фирми и здруженија кои се истакнале со своите достигнувања.
Плакети добија: Ненад Стојковски од селото Младо Нагоричане за најдобар земјоделец, Драге Костадиновски од с.Сув Орах за најдобар сточар, “Гоце ДООЕЛ“ од С.Младо Нагоричане е најуспешна фирма, ДПД“Козјак“ од с.Старо Нагоричане е избрано за најуспешно здружение. Иван Марковиќ од Старо Нагоричане е најдобар спортист, а Светлана Стојчевска е најдобар просветен работник.
Благодарници добија: Горан Доневски за најуспешен работник во општината, Дане Тодоровски од с.Бајловце за најуреден двор, Милан Велиновски од с.Руѓинце е најдобар основец, а Катерина Антиќ од с.Драгоманце е најдобар студент. Најдобра е месната заедница во Пелинце, а Ивица Димитриевски од погранична полиција Пелинце е најдобар полицаец. Боге Јовановски од Сув Орах е најдобар ловец и Никола Николов е најдобар надворешен соработник од Противпожарен сојуз на Македонија.
По повод овој значаен датум, општината додели еднократна парична помош за социјално загрозените граѓани.
На прославата присуствуваа повеќе гости од регионот, како и градоначалници од земјава и од соседна Србија.
2008 - 2025 Kumanovonews.mk • Сите права се задржани. Текстовите не смеат да се печатат или емитуваат, во целина или во делови, без договор со Kumanovonews.mk