Догодина нов Ургентен центар во Куманово

22.03.2015 14:28 | KumanovoNews

Министерот за здравство Никола Тодоров најави дека  Куманово во 2016 година ќе добие нов Ургентен центар, во чиј состав ќе бидат и хируршката амбуланта и интерното одделени, кои сега се наоѓаат во катастрофална состојба.

Догодина нов Ургентен центар во Куманово

 Одлучивме да направиме Ургентен центар во Куманово каде ќе бидат сместени и хируршката амбуланта и интерното одделение. Се сложувам дека овие две одделенија се во многу лоша состојба. Објавен е тендер кој е во завршна фаза, заврши евалуацијата и сега на ред е електронска аукција,пријавени се две компании. Исто така во завршна фаза е и тендерот за ревизија на проектот. Се очекува да биде готов до втората половина на 2016-та година. – изјави министерот Тодоров во Куманово.

Advertisement

2008 - 2025 Kumanovonews.mk • Сите права се задржани. Текстовите не смеат да се печатат или емитуваат, во целина или во делови, без договор со Kumanovonews.mk