Договорена соработка на порталите KumanovoNews и Vranjski online magazin

02.06.2019 09:35 | KumanovoNews

Уредниците на порталите Kumanovonews и Vranjski online magazin (VOM), договорија соработка, со цел читателите од двата соседна градови од Северна Македонија и Јужна Србија, да бидат подобро информирани.

Договорена соработка на порталите KumanovoNews и Vranjski online magazin

Договорот за соработка е постигнат на взаемно задоволство на двете страни и првенствено во интерес на читателите, но и за деловните соработници кои сакаат своите бизниси да ги претстават во соседните земји.

- Извесно е дека постои интерес кај читателите, кои се пријателски и роднински поврзани и често се посетуваат. Ние веќе известувавме на српски јазик, преку рубриката „Погранична хроника“ и тоа наиде на одличен прием кај публиката. Секако дека постојат заеднички теми, со кои и во иднина ќе се занимаваме, - изјави Сузана Николиќ, главни и одговорни уредник на Кумановоњус.

Со сличен став е и Иван Младеновиќ, главен и одговорен уредник на порталот Врањски онлајн магазин, популарен и многу читан во Пчинскиот округ.

- За нас е задоволство што на некој начин станавме партнери со еминентен портал како што е Кумановоњус. Ова е почеток на соработката, кои заеднички го осмисливме, но ги повикуваме читателите на двата портала на нашите страници на социјалните мрежи, да ни пишуваат и да ни предлагаат теми кои би сакале да ги обработиме, - вели Иван Младеновиќ, главен и одговорен уредник на VOM.

Ова е првпат портали од две соседни земји, Србија и Северна Македонија, да започната ваков вид на соработка, која во иднина ќе се состои во заеднички известувања и размена на информации, како и учество на проекти за прекугранична соработка.

   


Advertisement

2008 - 2025 Kumanovonews.mk • Сите права се задржани. Текстовите не смеат да се печатат или емитуваат, во целина или во делови, без договор со Kumanovonews.mk