Зачленете се во нашиот клуб на читатели и најновите текстови ќе ги добивате на вашата мејл адреса
Докторите и нутриционистите советуваат да се внимава на количината на внесувањето на алкохолот и јадењето за време на празниците, затоа што истото може да му предизвика "шок" на организмот. Апелот особено се однесува на граѓаните кои го почитувале христијанскиот пост.
Докторите велат дека доколку организмот бил изложен на пост, тогаш на него за да се врати во истата состојба во која бил дека му е неопходно истото да оди чекор по чекор и дека постот треба да се сфати токму како верски пост, а не да се празнува за потоа да се прејадува. Тие велат дека е препорачливо да се јаде од се' по малку, без разлика колку и да изгледа трпезата примамлива.
Преголемото внесување на храната може да предизвика поголемо оптеретување на панкреасот, а тоа е жлезда со внатрешно лачење која ги лачи сите хормони, односно ензимите кои служат за варење на она што ќе го изедеме. Ако истата жлезда имала одредена постигната брзина вие со преголемото прејадување нејзината брзина ја зголемувате петпати повеќе, што може да предизвика воспалување на панкреасот односно на самата жлезда.
Исто така, со наглото прејадување вие му наштетувате на централниот нервен систем, мозокот. Со вакви "скокови" многу често се случува пукање на крвните садови во самиот мозок. Затоа се препорачува да се избегнува внесување на поголемо количество на крем салати како што е пилешката, како и преливите за месо.
Доволно се калорични гозбите за време на празниците, велат докторите, затоа обидете се да јадете чисто месо наместо месо со прелив. Овде како помош најкорисен совет е поспорото јадење затоа што на тој начин вие станувате свесни дека подолго време јадете и дека треба да престанете со јадењето.Меѓутоа, како најголема стапица за празниците е и алкохолот, па затоа се препорачува да се направи паметен избор во кој ќе се избегнуваат коктели кои се богати со шеќери како и слатки сокови.
Препораката е во никој случај да не се претерува со алкохолот, а доколку се пие да се пијат чисти пијалоци: чаша вино е 80 калории, а шот вотка 60 калории. Конзумирањето на алкохоли со големо количество на шеќер го зголемуваат лачењето на инсулинот, а со тоа предизвикуваат утредента да чувствуваме и поголема глад. Воедно, кога станува збор за ограничено внесување на алкохолот за време на празниците, се препорачува од две до три чашки за жени проследени со два дена безалкохолен одмор, додека за мажи од три до четири чашки алкохол, па потоа два дена одмор.
Секое конзумирање на алкохол повеќе од горенаведената количина се смета за штетно и може да доведе до многу здравствени проблеми, како: висок крвен притисок, покачен холестерол, проблем со дишењето како и со црниот дроб.Иако има здравствени ризици од прекумерно консумирање на алкохолот сепак тоа не значи дека не можете да се напиете неколку чашки за време на празниците, само запомнете консумирањето треба да биде во разумни количини. Додека пиете избегнувајте го мешањето со енергетски пијалоци, ако веќе мешате тоа нека биде со газиран пијалок или вода.
Запомнете: послужената храна и алкохол на празничната маса не се само за вас!
2008 - 2025 Kumanovonews.mk • Сите права се задржани. Текстовите не смеат да се печатат или емитуваат, во целина или во делови, без договор со Kumanovonews.mk