Зачленете се во нашиот клуб на читатели и најновите текстови ќе ги добивате на вашата мејл адреса
Долговите за вода граѓаните ќе можат да ги плаќаат на рати доколку во наредните три месеци склучат договор со јавното претпријатије “Водовод“.
Од претпријатието велат дека бројот на рати не е ограничен, но обврска е потрошувачите да отплаќаат најмалку по 300 денари месечно од старите долгови.
- Доколку го преземат целокупниот долг ќе можат да плаќаат на рати со тоа што минималната рата би била 300 денари, целокупниот долг би бил без камата со тоа што услов за да можат да потпишат ваков договор е редовно плаќање на тековна сметка. Доколку не се плати редовна сметка автоматски се раскинува договорот и одиме на извршување кај надлежните институции. Ова ќе биде плус приход за нас и им овозможуваме на граѓаните редовно да го сервисираат долгот да не одиме на извршител, да не правиме трошоци - вели директорот Горан Стојковски.
Долговите на граѓаните за неплатени сметки за вода се околу 100 милиони денари.
Со плаќањето на стари долгови на рати “Водовод“ ќе им излезе во пресрет на загрозените граѓани, а воедно мерката ќе придонесе за подобрување на финансиската состојба на претпријатијето.
2008 - 2025 Kumanovonews.mk • Сите права се задржани. Текстовите не смеат да се печатат или емитуваат, во целина или во делови, без договор со Kumanovonews.mk