ДОМ ќе настапи со граѓанска коалиција на локалните избори

04.07.2021 17:57 | KumanovoNews

Зелената партија ДОМ донесе одлука на претстојните локални избори партијата да настапи во граѓанска коалиција со партии од центароти граѓански активисти.

ДОМ ќе настапи со граѓанска коалиција на локалните избори

Подготовките за локалните избори продолжуваат со соработка со партии со сродни програмски приоритети и со граѓански активисти.

„Граѓанските коалиции се успешен модел на креирање квалитетни локални политики, социо-економски развој и подобра иднина на граѓаните. Зелениот бран пристигнува во нашата држава, ДОМ работи заедно со граѓаните, за нивниот глас да биде чуен“, велат од партијата.

Advertisement

2008 - 2025 Kumanovonews.mk • Сите права се задржани. Текстовите не смеат да се печатат или емитуваат, во целина или во делови, без договор со Kumanovonews.mk