ДОМ во акција за собирање на е - отпад

26.09.2014 10:36 | KumanovoNews

Демократската обнова на Македонија (ДОМ) од денеска па до 3 октомври ќе реализира акција за собирање на е - отпад, во која ќе се вклучи и општинската организација од Куманово.

ДОМ во акција за собирање на е - отпад

“За таа цел се обративме до општина Куманово и остваривме средба со градоначалникот на Куманово,  Зоран Дамјановски, при што добивме поддршка за реализација на акцијата на локално ниво. Градоначалникот се  согласи да ни обезбедат 3-4 контејнери или други собирни садови и локација за  реализирање на акцијата“ - вели Светлана Божиновска, претседател на ДОМ Куманово.

ДОМ заедно со Асоцијацијата Ајде Македонија е иницијатор на акцијата „Македонија без отпад” која се одржува веќе трета година со поддршка од Министерството за животна средина.

Минатата година ДОМ направи акција за собирање е - отпад во повеќе градови во Македонија и тие наидоа на одличен прием кај граѓаните.

Advertisement

2008 - 2025 Kumanovonews.mk • Сите права се задржани. Текстовите не смеат да се печатат или емитуваат, во целина или во делови, без договор со Kumanovonews.mk