Домаќинствата кои добиле повисоки сметки за струја да поднесат приговор до ЕВН, велат од Регулаторна комисија

07.02.2025 15:06 | KumanovoNews

Домаќинствата кои добиле повисоки сметки за струја за месец јануари бидејќи биле префрлени во четвртиот тарифен блок, треба да побраат корекции, велат од Регулаторната комисија за енергетика (РКЕ).

Домаќинствата кои добиле повисоки сметки за струја да поднесат приговор до ЕВН, велат од Регулаторна комисија

 Од таму велат фирмата ЕВН Хоме е должна да ги коригира сметките за струја и да направи соодветна распределба по блокови согласно историјатот на просечната потрошувачка на домаќинството во последните три пресметковни периоди.

„Доколку потрошувачот не е задоволен од добиениот одговор или не добие одговор во законски предвидениот рок од 8 дена, има право да поднесе приговор до РКЕ како второстепен орган. За приговорот до РКЕ нема пропишано посебна форма/формулар и кон истиот треба да се приложи: копија од вложениот приговор до ЕВН Хоме, одговорот од компанијата и копија од сметката по која се приговара“, велат од Регулаторна комисија.

Приговорот може да се достави во архивата на РКЕ или електронски на е-поштата: [email protected] и [email protected].

Од 1 јануари 2025, цената на струјата за просечна потрошувачка во сите четири блокови е зголемена за помалку од еден процент односно 0,92 %. Конкретно, во прв блок цената е зголемена за 0,68%, додека во втор блок цената е зголемена за 0,90 %. 

(извор.сдк.мк)

 

Advertisement

2008 - 2025 Kumanovonews.mk • Сите права се задржани. Текстовите не смеат да се печатат или емитуваат, во целина или во делови, без договор со Kumanovonews.mk