Зачленете се во нашиот клуб на читатели и најновите текстови ќе ги добивате на вашата мејл адреса
Во Центарот за култура „Трајко Прокопиев“ од 1 до 12 октомври ќе се одржи 17 - от по ред меѓународен театарски фестивал “Денови на комедија - Куманово 2014“.
Манифестацијата ќе ја отвори Театар комедија - Скопје со претставата “Стјуардеси“, во четврток на програмата е “Црногорец во кревет“ од Монтесцена Подгорица, Црна Гора, а во петок домаќините од кумановскиот театар на албански јазик ќе ја изведат “Вечера за глупаци“.
На репертоарот се и претставите “Тартиф“, проект на НУ “Јордан Х.К.Џинот“ од Велес, “Куде ми е жена“ од театарот “Бора Станковиќ“ од Врање, Србија, комедијата “Ла“ на драмски театар “Никола Вапцаров“ од Благоевград, Бугарија, Драмски театар Ќустендил ќе се претстави со “Ах, каква безумна ноќ“, “Војникот фалбаџија“ на Турски театар Скопје, Драмски театар Скопје ќе ја игра претставата “Жени во тесни чевли“. Сашко Коцев со стенд ап комедија “1000 зошто, 1000 затоа“ ќе го затвори фестивалот.
Сите претстави почнуваат во 20 часот и билетите се во продажба.
2008 - 2025 Kumanovonews.mk • Сите права се задржани. Текстовите не смеат да се печатат или емитуваат, во целина или во делови, без договор со Kumanovonews.mk