Домашните животни со матичен ветеринар

26.04.2013 14:54 | KumanovoNews

 Сопствениците на добиток ќе треба да изберат матичен ветеринар за задолжителните вакцини и прегледи.

Домашните животни со матичен ветеринар

Тоа ќе биде за оние сточари кои имаат овци, кози, крави, не за другите домашни миленици. Кај матичен ветеринар животните ќе примаат вакцини кои се на трошок на државата. Ако сака да продаде добиток , сопственикот треба за него да извади пасош.  Во градот има доволен број на ветеринари, но јас мислам дека оваа мерка ќе создаде хаос. Знаејќи како се одвиваат работите кај нас мислам дека ќе се зголеми обемот на неквалитетна работа - објаснува наш соговорник.

Според последните измени на Законот за ветеринарно здравство, одгледувачите мора да склучат договор со ветеринарно друштво по свој избор.

Advertisement

2008 - 2025 Kumanovonews.mk • Сите права се задржани. Текстовите не смеат да се печатат или емитуваат, во целина или во делови, без договор со Kumanovonews.mk