Донација за социјално-загрозено семејство

06.04.2015 13:49 | KumanovoNews

Волонтери од Црвен Крст Куманово, денеска однесоа два пакети со храна и хигиенски средства во Центарот за ран детски развој, во основното училиште „11 Октомври“.

Донација за социјално-загрозено семејство

Помошта ќе биде наменета за социјално-загрозено семејство од Куманово, чии две деца го посетуваат Центарот за ран детски развој. Едукаторот Верица Тодоровска се заблагодари за донацијата и објасни дека самиот Центарот за ран детстки развој, нуди згрижување за децата од сиромашни семејства кои не се во можност да посетуваат градинка.

Ова е еден обид да им го олесниме животот на нашите корисници. Обично се деца од социјално-загрозени семејства згрижени, затоа што згрижувањето на децата е бесплатно, а сите материјали за работа се обезбедени од страна на Уницеф и општина Куманово. Родителите се ослободени од секакви давачки. Нема спиење , нема храна, туку само воспитно-образовен процес. Целта е да ги подготвиме децата за на училиште - кажа Тодоровска.

Центарот за ран детски развој почна со работа во декември лани, а го посетуваат 34 деца, претежно од македонска и ромска националност.

Advertisement

2008 - 2025 Kumanovonews.mk • Сите права се задржани. Текстовите не смеат да се печатат или емитуваат, во целина или во делови, без договор со Kumanovonews.mk