Донација за учениците и жителите на М'гленце

24.11.2015 09:52 | KumanovoNews

Активот на Црвен Крст при основното училиште “Крсте Мисирков“ денеска донираше 45 пакети со храна и облека, за учениците и месното население во  село М'гленце.

Донација за учениците и жителите на М'гленце

Оваа донација е обезбедена со помош на родителите, наставниците и учениците и денеска ќе биде доставена до населението во ова планинско село во општина Старо Нагоричане.

Досега три-четири години донирањето беше на ниво на училиштето. Кога видовме дека се појави многу облека, во овој момент почнавме и со храна, решивме тоа да биде помош за населението во некое од кумановските села. Кога веќе го видовме случајот со село М'гленце, ова е петти пат како донираме средства за месното население. Активностите и понатаму ќе си траат - изјави Зоран Тасевски, одделенски наставник во “Крсте Мисирков“.

Активот два пати годишно донира, а овој пат помошта ќе стигне до неколкуте ученици и мал број жители на М'гленце.

Advertisement

2008 - 2025 Kumanovonews.mk • Сите права се задржани. Текстовите не смеат да се печатат или емитуваат, во целина или во делови, без договор со Kumanovonews.mk