Дониран училишен прибор во неколку училишта

25.09.2014 10:06 | KumanovoNews

Едукативното здружение “Влазниа“ денеска подели училишен прибор за 50 ученици од основно училиште “Наим Фрашери“, кои потекнуваат од социјално загрозени семејства.

Дониран училишен прибор во неколку училишта

“Целта е да им се помогне на децата кои се загрозени, се соочуваат со социјални проблеми. Оваа недела од понеделник до петок ќе делиме помош во училиштата кои се изберени. Вкупно ќе поделиме прибор за 210 деца“ - вели Неримане Рустеми, менаџер во “Влазриа“.

Неделава донации имаше за ученици во основните училишта “Бајрам Шабани“, “Јероним Де Рада“ од Черкезе, “Браќа Рибар“ од Сопот и “Наим Фрашери“. Денеска претставници од здружението го посетиа и ОУ „11 Oктомври„ со цел да поделат помош за 30 ученици, но соработката ќе се реализира во наредниот период.

Минатата година истата невладина донираше облека за сиромашни деца.

Advertisement

2008 - 2025 Kumanovonews.mk • Сите права се задржани. Текстовите не смеат да се печатат или емитуваат, во целина или во делови, без договор со Kumanovonews.mk