Донирани 10.000 вакцини Астра Зенека од Хрватска

02.07.2021 12:20 | KumanovoNews

Во Македонија пристигнаа уште 10.000 вакцини Астра Зенека, донација од Република Хрватска, а по тој повод денеска беше организирана средба помеѓу хрватскиот министер за надворешни работи Гордан Грлиќ Радман и министерот за здравство Венко Филипче.

Донирани 10.000 вакцини Астра Зенека од Хрватска

Веќе од следната недела овие вакцини ќе бидат дистрибуирани по вакциналните пунктови ширум земјата.

Според најавите од Владата на Република Хрватска, во знак на пријателство, во најскоро време ќе пристигнат и дополнителни 20.000 дози на вакцини.

„Хрватската Влада донесе одлука да донира и дополнителни 20.000 вакцини, кои ќе бидат или од производителот Астра Зенека или од производителот Модерна, што би било и прва вакцина која ќе пристигне од овој прозиводител во нашата земја“, кажа министерот Филипче.

 Во моментов, во нашата држава има доволно вакцини за спроведување на процесот на имунизација. Во периодот што следува најавени се и дополнителни дози, а од средината на месецот ќе започне да се спроведува и теренска имунизација, информираат од Министерството за здравство.

Advertisement

2008 - 2025 Kumanovonews.mk • Сите права се задржани. Текстовите не смеат да се печатат или емитуваат, во целина или во делови, без договор со Kumanovonews.mk