Зачленете се во нашиот клуб на читатели и најновите текстови ќе ги добивате на вашата мејл адреса
Компаниите Лезет и Јуниор од Куманово деновиве донираа душеци во Домот за стари лица „Зафир Сајто“ и Општа болница Куманово.
Во „Зафир Сајто“ се доставени 10, а во болницата 35 душеци.
Донираме на наша иницијатива онаму каде е потребно. Досега во Куманово сме донирале повеќе пати, во случај на поплави, но ова ни е прв пат да донираме за здравствени установи - рекоа од компаниите.
Душеците во болницата се распоредени на детското одделение.
2008 - 2025 Kumanovonews.mk • Сите права се задржани. Текстовите не смеат да се печатат или емитуваат, во целина или во делови, без договор со Kumanovonews.mk