„Допирање души“ - изложба на слики на Биљана Јовчевска

19.04.2023 13:27 | Сузана Николиќ

Во Уметничката галерија во Куманово утре во 19 часот ќе биде отворена изложбата на слики „Допирање души“ на нашата сограѓанка Биљана Јовчевска, сликар самоук.

„Допирање души“ - изложба на слики на Биљана Јовчевска

Изложбата е збирка од триесетина слики со мотиви на природата,  работени во акрил на платно, создадени во последните неколку години.

За творечкиот опус на Јовчевска ќе зборува академскиот уметник Александар Стефановски.

Изложбата се организира со поддршка на градоначалникот на Куманово и Музеј Куманово.

Advertisement

2008 - 2025 Kumanovonews.mk • Сите права се задржани. Текстовите не смеат да се печатат или емитуваат, во целина или во делови, без договор со Kumanovonews.mk