Достава на извештај за задржан ДДВ во присилна наплата

08.01.2015 10:30 | KumanovoNews

Со измените и дополнувањето на Законот за данокот на додадена вредност, од 1 јануари 2015 година се пропишаа посебни одредби за начинот на постапување при пренос на движен и недвижен имот во постапка за присилна наплата.

Достава на извештај за задржан ДДВ во присилна наплата

Кога должникот е регистриран за ДДВ, пресметувањето и плаќањето на ДДВ на прометот на добрата кои се предмет на продажбата го врши субјектот надлежен за постапката за присилна наплата односно присилно извршување, во име и за сметка на должникот.

Обврски на субјектот надлежен за спроведување на постапката за присилна наплата односно присилно извршување се: да пресмета ДДВ на образец “ДДВ-ПНПИ“ - Извештај за задржан ДДВ во постапка на присилна наплата и присилно извршувње, да го плати ДДВ-то на денот кога е извршена уплатата од страна на стекнувачот на доброто или најдоцна во рок од 5 (пет) работни дена, поединечно за секој даночен обврзник на утврдената буџетска сметка. Да го достави Извештајот “ДДВ-ПНПИ“ и изготвениот акт кој е основ за стекнување со сопственост на движните и недвижните добра до УЈП, должникот и стекнувачот на доброто, на денот кога е извршена уплатата од страна на стекнувачот на доброто или најдоцна во рок од 5 (пет) работни дена. Извештајот “ДДВ-ПНПИ“ се доставува до УЈП по електронски пат, преку е-Даноци почнувајќи од 1 јануари 2015 година.

Advertisement

2008 - 2025 Kumanovonews.mk • Сите права се задржани. Текстовите не смеат да се печатат или емитуваат, во целина или во делови, без договор со Kumanovonews.mk