Зачленете се во нашиот клуб на читатели и најновите текстови ќе ги добивате на вашата мејл адреса
Кумановец фалсификувал купопродажен договор за автомобил, по што го предал во полиција и добил сообраќајна дозвола.
Кумановската полиција поднесе кривична пријава против Р.А.(42) од Куманово, поради постоење основи на сомнение за сторени кривични дела „измама“, „фалсификување исправа“ и „употреба на исправа со невистинита содржина“ и М.П.(35) од Куманово, вработена во МВР-референт за возила, поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „злоупотреба на службена положба и овластување“. Првопријавениот во текот на 2013 година извршил размена на возила, го дал својот пасат а земал БМВ. Притоа се договориле тој да доплати 3.500 евра за бемвето, а договор да склучат откако ќе го плати. Во меѓувреме го земал да користи возилото. По ова, Р.А. без знаење на М.С., ги искористил личните податоци од сообраќајната дозвола и направил купопродажен договор во кој впишал дека исплатил сума од 240.000 денари, а потоа се потпишал во име на сопственикот. Договорот на 27.02.2014 година го доставил кај референт за возила, иако не бил заверен нотарски. Спротивно на своите службени овластувања вработената го прифатила како вистински и извршила промена на сопственоста на патничко возило „БМВ“ и изготвила сообраќајна дозвола на име на првопријавениот. Со тоа му овозможила да се стекне со противправна имотна корист од 3.500 евра, а за истиот износ го оштетила М.С.
2008 - 2025 Kumanovonews.mk • Сите права се задржани. Текстовите не смеат да се печатат или емитуваат, во целина или во делови, без договор со Kumanovonews.mk