Дождот добредојден за претстојната сеидба

16.09.2013 10:02 | KumanovoNews

 Дождот кој падна последниве два дена е добредојден за подготовка на почвата за есенската сеидба.

Дождот добредојден за претстојната сеидба

Оваа количина на вода ќе придонесе за повеќе влага во почвата. Ќе се овозможи нормална обработка на почвата односно есенско орање и подготовка за сеење. Оптималната влага треба да биде 60 отсто од полскиот воден капацитет за квалитетно орање. Мал дел од површините се изорани. Само оние земјоделци кои располагаат со тешка механизација веќе ги имаат изорано нивите - изјави Томе Цветковиќ, виш соработник за полјоделство во Агенција за поттикнување на развојот на земјоделството.

Откако врнежите ќе престанат деновиве треба да почне масовно орање на нивите за есенската сеидба.

Advertisement

2008 - 2025 Kumanovonews.mk • Сите права се задржани. Текстовите не смеат да се печатат или емитуваат, во целина или во делови, без договор со Kumanovonews.mk