Зачленете се во нашиот клуб на читатели и најновите текстови ќе ги добивате на вашата мејл адреса
Советникот на ДПА Халил Куртиши бара од локалната власт, градот рамномерно да го развива, а да се фаворизираат поедини населени места за сметка на други.
Своето незадоволство Куртиши го искажува и со бојкот на работата на Комисијата за урбанизам и Комисијата за еднакви можности на половите при советот на Општината Куманово.
Поради тоа што нема критериуми во работењето на комисиите јас повеќе не сакам да сум дел од нив. Исто така не сум задоволен од дискриминаторската политика што се води во општината Куманово. Се инвестира само во источниот дел на градот на сметка за западниот, каде што живејат претежно албанско население. Јас не сум против да се инвестира таму каде што живејат и Македонците, но барам инвестициите да распоредуваат пропорционално. Ако градоначалникот го претставува целиот град тогаш треба и подеднакво да ги распоредува сретствата- вели Куртиши.
Тој бара да се започне да се гради кеј на реката Кумановка кај стариот Градски парк и да се продолжи булеварот „Октомвриска револуција„ за да се намали сообраќајниот хаос во градот. Ако не се сменат работите, тој најавува дека неговата партија ќе бара градот да се подели на општини, по примерот на Скопје.
2008 - 2025 Kumanovonews.mk • Сите права се задржани. Текстовите не смеат да се печатат или емитуваат, во целина или во делови, без договор со Kumanovonews.mk