ДПИ: Угостителските објекти да се придржуваат до законите

31.12.2015 09:35 | KumanovoNews

Од Државниот пазарен инспекторат со соопштение апелираат сите угостителски објекти на територија на Република Македонија, да се придржуваат кон одредбите на Законот за угостителска дејност и Законот за заштита од пушење.

ДПИ: Угостителските објекти да се придржуваат до законите

Да се внимава  во делот на почитување на работно време, забрана на точење алкохол на малолетници и забрана за пушење на тераси кои се преградени на несоодветен начин, согласно одредбите на Законот за заштита од пушење.

Воедно се информираат сите вршители на трговска дејност кои имаат лиценца за продажба на алкохол дека согласно Законот за трговија, се забранува продажба на алкохолни пијалоци од 19 до 6 часот, во период од 1 октомври 2015 до 30 април 2016 година.

Во периодот од 1 мај 2015 до 30 септември 2015 година, забраната за продажба на алкохолни пијалоци е од 21 до 6 часот наредниот ден.

Advertisement

2008 - 2025 Kumanovonews.mk • Сите права се задржани. Текстовите не смеат да се печатат или емитуваат, во целина или во делови, без договор со Kumanovonews.mk