ДПСМ се подготвува за победа на локалните избори

12.09.2012 13:16 | KumanovoNews

  Членовите на општинската организација на ДПСМ, мината недела одржаа работен состанок со лидерот на партијата Иван Стоиљковиќ, на кој беше договорена агендата на активности за наредните неколку месеци.

ДПСМ се подготвува за победа на локалните избори

Во првиот месец ќе започнеме со средување на општинската организација, поточно пополнување на раководствата на месните подружници, а октомври ни е резервиран за активностите по повод 100 годишнината од Кумановска битка. Потоа следуваат подготовките за локалните избори. Во наредните 7 месеци ќе се подготвуваме за што подобар пласман и што подобро претставување на партијата на локално ниво. Се надеваме дека по четири години пауза ДПСМ ќе се врати на власт на локално ниво. Исто така општинската организација на ДПСМ Куманово ќе пружи логистичка подршка на партијата во Старо Нагоричане за да добиеме уште еден градоначалнички мандат и да извојуваме убедлива победа за наредните 4 години-изјави Бобан Јаќимовиќ, претседател на општинската организација на ДПСМ Куманово.

Advertisement

2008 - 2025 Kumanovonews.mk • Сите права се задржани. Текстовите не смеат да се печатат или емитуваат, во целина или во делови, без договор со Kumanovonews.mk