ДПСМ во посета на Синодот на СПЦ

19.03.2011 14:24 | KumanovoNews

Делегација на Демократската партија на Србите во Македонија, во Белград се сретанала со Синодот на СПЦ и Патријархот Иринеј.

ДПСМ во посета на Синодот на СПЦ

При тоа било разговарано за актуелната положба на Србите во Македонија, како и за зачувување на нивниот национален, културен, верски и духовен идентитет.

Ние го известивме Синодот на СПЦ за актуелните состојби во Македонија. Тоа не беше средба за изнесување поплаки за состојбата, туку за да се надминуваат проблемите. Јасно е дека во основа на сите проблеми е меѓуцрковниот спор и треба да се дејствува конструктивно. Постојат навестувања дека е можно обновување на преговорите и ќе се дејствува во таа насока. Јас ќе комуницирам со сите учесници - изјавил Иван Стоиљковиќ, лидерот на ДПСМ за Дневник.

Advertisement

2008 - 2025 Kumanovonews.mk • Сите права се задржани. Текстовите не смеат да се печатат или емитуваат, во целина или во делови, без договор со Kumanovonews.mk