Камиказа - нова песна на Драгана Јовановска

13.06.2023 15:33 | KumanovoNews

 Талентираната Драгана Јовановска (16) од Куманово ја објави својата втора авторска песна со наслов Камиказа. На песната работеа и продуцентот Иле Спасев и раперот Тајзи.

Камиказа - нова песна на Драгана Јовановска

Снимен е и видео спот во режија на Горан Симјановски, а песната веќе е достапна на Интернет.

„Спотот е сниман во прекрасни делови на Скопје и едно од најдобрите атељеа „Далерија“, во кое можат да се видат прекрасни дела на наши уметници. Со мојот тим вложивме многу труд, љубов и време за публиката да може да ужива во ова прекрасно дело“, изјави Драгана.

Младата пејачка вредно работи на нови песни и за во иднина подготвува многу нови изненадувања и видеоспотови.

Јовановска е ученичка во Средното музичко училиште во Скопје, на 9 години учествуваше на регионално музичко натпрварување каде со своите вокални способности ја освои публиката и стручното жири.

Advertisement

2008 - 2025 Kumanovonews.mk • Сите права се задржани. Текстовите не смеат да се печатат или емитуваат, во целина или во делови, без договор со Kumanovonews.mk