Драгица Спасиќ нов в.д. директор на ОУ „Крсте Мисирков“

30.05.2021 07:59 | KumanovoNews

Драгица Спасиќ е именувана за в.д. директор на ОУ „Крсте Мисирков“ во Куманово, откако поранешниот директор Александар Јовановиќ, е избран за раководител на Секторот на образование во Општина Куманово.

Драгица Спасиќ нов в.д. директор на ОУ „Крсте Мисирков“

Спасиќ е дипломиран професор по одделенска настава на Универзитет Св.Кирил и Методиј – Скопје и повеќегодишен просветен работник во истоименото училиште.

Новата директорка вели дека училиштето во кое го минува својот работен век е пример за успешни кадри и одговорни и исполнителни ученици, со кои се гордее нашиот град. Поради тоа е едно од најголемите и најреномираните училишта во градот и затоа што таа верува во неговиот потенцијал ќе го искористи  целокупното свое знаење да придонесе за унапредување на работата во училиштето.

„За успехот на учениците клучна е соработката меѓу воспитно-образовниот кадар во училиштето и соработката меѓу наставниците и семејството, ќе настојувам истата да се развие на повисоко ниво. Преку својот професионален и личен интегритет, високи етички вредности и однесување, ќе ја промовирам својата професија и ќе придонесам за формирање на позитивен став на јавноста кон неа. Подготвена сум заедно со моите колеги да се соочиме со сите предизвици што ги носи новото време, за општо добро и успех на децата кои се наша должност и обврска. Ќе продолжам по патот на успехот остварувајќи ја единствената цел, детето и неговата иднина,“ вели Спасиќ.

(С.Н.)

Advertisement

2008 - 2025 Kumanovonews.mk • Сите права се задржани. Текстовите не смеат да се печатат или емитуваат, во целина или во делови, без договор со Kumanovonews.mk