Драмата „Звукот на коските што се кршат„ во Куманово

27.05.2012 10:16 | KumanovoNews

 На сцената на Народниот театар Куманово утревечер во 20 часот ќе се игра претставата "Звукот на коските што се кршат" од независниот театар „Театра" од Скопје.

Драмата „Звукот на коските што се кршат„ во Куманово

 Се работи за приказната од еден дневник, за две деца, за две изгубени детства, за војна, за терор, за страв, за храброст, за издржливост и за чиста љубов. Иако оригинално сместена во Централна Африка, борбата, страдањето и храброста на ликовите се безвременски и беспросторни.

„Претставата опфаќа тема која не може лесно да се прераскаже. Потребно е да се доживее. Ова не е приказна што завршува со гаснење на последното светло во театарот. Не е текст кој завршува со последната страница. Ова е претстава која носи некој горчлив вкус кој останува, некоја празнотија под која се крие неописливо тежок товар, како солзите да не се доволни да исплакнат се што е почувствувано", вели Билјана Радиновска, режисер на претставата.

Актерската екипа на Звукот на коските што се кршат" ја сочинуваат Наташа Петровиќ, Стефанија Зисовска и Бојан Кирковски.

Костимограф е Ивана Кнез, музиката е дело на Оливер Јосифовски и Вера Милошевска од Љубојна, а за преводот на оригиналниот текст се заслужни Горјан Милошевски и Марија Зафирова.

Advertisement

2008 - 2025 Kumanovonews.mk • Сите права се задржани. Текстовите не смеат да се печатат или емитуваат, во целина или во делови, без договор со Kumanovonews.mk