ДРОМ ќе работи на спречување на трговија со луѓе

01.10.2015 09:15 | KumanovoNews

ДРОМ од Куманово во наредните 15 месеци заедно со Асоцијацијата за демократска иницијатива од  Гостивар ќе го реализира  проектот „Превенција од современите форми на трговија со луѓе“.

ДРОМ ќе работи на спречување на трговија со луѓе

Ќе работат со ученици од средните училишта во двата града, со кои ќе организираат работилници, ќе ги анкетираат, ќе има  средби со матуранти и слично. Целта на проектот е спречување на трговијата со луѓе преку зголемување на свесноста на средношколците и ранливите категории на граѓани за современите формите на трговија на луѓе кои се во пораст, како што се трудовата експлоатација, принудно питачење, принудно вршење кривични дела и внатрешна трговија. Ова е во рамките на програмата за Акциски грантови на Цивика Мобилитас финансиран од страна на Швајцарската агенција за соработка и развој.

Advertisement

2008 - 2025 Kumanovonews.mk • Сите права се задржани. Текстовите не смеат да се печатат или емитуваат, во целина или во делови, без договор со Kumanovonews.mk