ДРОМ го прослави 20-от роденден

28.10.2017 20:40 | KumanovoNews

 Центарот за ромска заедница „ДРОМ“ од Куманово слави две децении постоење и успешна работа.

ДРОМ го прослави 20-от роденден

Големиот јубилеј го прослави вчера во ресторанот Рим-Париз во присуство на голем број гости од општествено -политичкиот живот, невладини организации, медиуми, граѓани.. На присутните им се обрати претседателот на здружението Ахмед Јашаровски.

 „Горд сум што почнавме скромно и не се надевавме дека ќе опстоиме 20 години, бидејќи како невладина организација требаше многу труд, работа и професионалност за да ја стекне довербата на институциите и соработниците. Голем благодарност до мојот тим, без кој ова немаше да се реализира. Секогаш може подобро, но јас сум задоволен од она што го постигнавме во овие 20 години. Има многу работи кои се започнати и во иднина ќе бидат завршени. Ние иако сме со предзнак ромска заедница, работиме за сите етнички заедници и во иднина ќе продолжиме во таа насока, - изјави Јашаревски.

Јашаревски е искрен дека со Декадата на Ромите очекувал многу повеќе и таа е најголемото негово разочарување, бидејќи била помпезно најавувана за интеграција на Ромите во општеството. Сега се прави нова стратегија и тој се надева дека ќе даде многу поголеми резултати од предходната.  

Роденденот на ДРОМ го честиташе и им посака многу успех во понатамошната работа, советникот од СДСМ, Томица Илиќ. Тој го истакна значењето на невладините организации во локалната заедница и најави подршка од Советот за сите проекти кои ќе го подобрат животот на граѓаните на Куманово.

Advertisement

2008 - 2025 Kumanovonews.mk • Сите права се задржани. Текстовите не смеат да се печатат или емитуваат, во целина или во делови, без договор со Kumanovonews.mk