Друштво за македонско-руско пријателство во Старо Нагоричане

10.03.2015 09:05 | KumanovoNews

 Во општина Старо Нагоричане во петокот е формирано Друштво за руско-македонско пријателство, а за претседател е избрана Јасмина Стојковска.

Друштво за македонско-руско пријателство во Старо Нагоричане

Друштвото ќе влезе во состав на Сојуз на друштва за руско-македонско пријателство и ќе ја надградува својата работа.

“Ова е само почетна фаза, а понатаму  ќе следи запознавање на културата на двата народа, бизнис соработка со помош на Руската амбасада и Славјански универзитет, форуми, состаноци и друго“ - велат од општина Старо Нагоричане.

Во Сојузот на друштва за руско-македонско пријателство има над 22 здруженија од цела Македонија, кои ја негуваат љубовта кон рускиот јазик, култура и традиција.

Advertisement

2008 - 2025 Kumanovonews.mk • Сите права се задржани. Текстовите не смеат да се печатат или емитуваат, во целина или во делови, без договор со Kumanovonews.mk