Државата ќе им помогне на јавните претпријатија за време на коронакризата

19.10.2020 14:39 | KumanovoNews

Владата ќе им помогне на јавните комунални претпријатија во земјата да го одржат квалитетот на услугите кон граѓаните во претстојниот кризен период предизвикан од пандемијата од вирусот ковид-19.

Државата ќе им помогне на јавните претпријатија за време на коронакризата

Премиерот Зоран Заев најави дека Владата, во соработка со државните институции, ќе најде решение за отпис на каматите за долгови што ги имаат јавните комунални претпријатија кон државните институции, а во наредниот период преку еднократна интервентна мерка ќе ги поддржи јавните комунални претпријатија во износ на една минимална плата за вработените.

„Сите заедно пребродивме една тешка сезона и државата чувствува должност да им помогне на јавните комунални претпријатија. Ние тоа ќе го направиме и преку зајакнување на општините преку следниот пакет за децентрализација“, порача премиерот Заев.

На средбата со премиерот и министерите, со претставниците на Здружението на даватели на комунални услуги - АДКОМ, било разговарано за актуелните проблеми и барања на комуналните претпријатија, кои се однесуваат на даночни и друг вид финансиски олеснувања и субвенции со цел да ја подобрат ефикасноста на своето работење.

Advertisement

2008 - 2025 Kumanovonews.mk • Сите права се задржани. Текстовите не смеат да се печатат или емитуваат, во целина или во делови, без договор со Kumanovonews.mk