Државата ќе издвои 1,5 милијарда денари за новите мерки за вработување, кажа Мургашанска

17.03.2021 19:03 | KumanovoNews

Оперативниот план за активни програми и мерки за вработување и услуги за пазарот на трудот оваа година изнесува 1,5 милијарди денари и со него ќе бидат опфатени 10.279 лица, кажа Атина Мургашанска, претседателка на Советот на Општина Куманово, на денешната прес-конференција.

Државата ќе издвои 1,5 милијарда денари за новите мерки за вработување, кажа Мургашанска

Целта на овие принципи е да се постигне рамномерна поддршка со Оперативниот план, која нема да биде селективна и која ќе ги опфаќа сите категории на граѓани.

„Владата ги креира економските мерки за спас на секое работно место, но никој нема да биде оставен сам. Оние кои во оваа криза ги изгубија своите работни места ќе бидат опфатени со овој Оперативен план. Во моментов здравјето на граѓаните е приоритет, сѐ останато ќе надокнадиме заедно“, додаде Мургашанска.

Целта на Оперативниот план е различни ранливи категории на невработени лица, млади лица, жени, лица со попреченост, лица кои ја загубиле работата поради корона кризата, побрзо и полесно да пристапат на пазарот на трудот.

„Преку мерката „Економија на грижа“, односно Обука и вработување на лица за услуги на грижа во заедницата за лица со попреченост и лица со хронична болест, обезбедуваме обука за невработени лица за стекнување стручни квалификации и вештини. Во наредните 10 месеци тие ќе обезбедуваат грижа за лицата со попреченост и за лицата со хронични болести и затоа ќе добиваат месечен надоместок од 30.780 денари. Со оваа мерка се опфатени 150 лица“,  изјави Мургашанска.

Advertisement

2008 - 2025 Kumanovonews.mk • Сите права се задржани. Текстовите не смеат да се печатат или емитуваат, во целина или во делови, без договор со Kumanovonews.mk