Зачленете се во нашиот клуб на читатели и најновите текстови ќе ги добивате на вашата мејл адреса
Владата ќе одобри финсиски средства за реконструкција на спортската сала во Куманово. Ова било договорено на средбата помеѓу премиерот Зоран Заев и министерот Оливер Спасовски со градоначалникот Максим Димитриевска, при неодамнешната посета на владините претставници во Куманово.
Одлуката дека државата ќе помогна да се врати во живот спортскиот објект го најави премиерот, а го потврди градоначалникот.
„Значаен проект е спортската сала, за која се потребни од 600 до 800.000 евра за да се реконструира, затоа што спортот е многу важна работа и државата треба да помогне“, - кажа премиерот Заев на трибина во Куманово.
„Добивме ветување дека ќе бидат обезбедени средства од Владата за реконструкција на спортската сала. Проектот е во завршна фаза, го очекуваме идејното решение т.е. 3Д визуелизацијата, откако ќе биде претставено на јавноста и откако ќе ја добиеме пресметката ќе се обратиме до Владата, која вети дека финасиски ќе учествува во овој проект“, - изјави Димитриевски.
Изработката на проектот чини 2,2 милиони денари, а се финансира со пари од локалниот буџет.
Спортската сала во Куманово е изградена 1980 година и има капацитет од 4.150 седишта. Проектирана е од архитектите Трајко Димитров и Живко Гелевски во 1979 година, а зградата ја добила големата награда на Биеналето на Македонската архитектура (БИМАС) во 1981 година.
Салата е најголемата затворена спортска сала во Куманово, каде се одржуваат кошаркарски, ракометни, футсал, одбојкарски и боксерски натпревари.
Но, последните дваесетина години салата се наоѓа во очајна состојба. Кровот протекува, поради што се подигна паркетот и повеќе не се играат државните натпревари во неа. Целиот објект е руиниран, трибините се оштени и потребна е итна реконструкција за се врати функцијата за која е изградена.
Општината планира да ги преземе сите спортски објектите и да стопанисува со нив, откако ќе бидат раскинати договорите со сегашните концесионери.
2008 - 2025 Kumanovonews.mk • Сите права се задржани. Текстовите не смеат да се печатат или емитуваат, во целина или во делови, без договор со Kumanovonews.mk