Државен натпревар на трактористи во Старо Нагоричане

12.10.2010 07:32 | KumanovoNews

Општината Старо Нагоричане викендов беше домаќин на 51-от државен натпревар на трактористи од повеќе градови. Во дисциплинит конвенционален и реверзибилен плуг, 35 орачи од Македонија ги покажаа своите земјоделски вештини.

Државен натпревар на трактористи во Старо Нагоричане

Чест ми е што сме домаќини на овој натпревар затоа што општината Старо Нагоричане има поволно и обработливо земјиште за производство на здрава храна, а ова претставува и поттик за добивање на поголема  економска моќ на земјоделците - рече  Миодраг Јовановиќ, градоначалникот на Општина Старо Нагоричане.

Натпреварот во брзо орање го организираат Народна техника  и Сојузот за техничка култура во стопанството. Народна техника на РМ како невладина организација е носител на јавни овластувања од Република Македнија па дел од финансиските средства се наменуваат за овој тип натпревари.

На петте регионални натпревари зедоа учество околу 230 трактористи.35-те најдобри орачи од овие натпревари денска се борат за учество на светскиот натпревар во орање кој ќе се одржи во Шведска-изјави Христина Спасевска, претседател на Народна техника на Македонија.

Земјоделците велат дека оваа е уште еден предизвик да ги покажат своите способности со земјоделската механизација.

Долго време се занимавам со земјоделство. Обработувам големи земјоделски површини, па затоа решив да учествуваме на еден ваков натпревар и со желба да победам секако– вели Јетон Синани натперварувач од Гостивар.

Наградите ги одвојиа во лесна категорија(конвенционален плуг):

1. место - Стојне Наковски од Пробиштип

2. место - Драган Манев од Паликура

3. место - Осман Билали од Чегране

Во тешка категорија (реверзибилен плуг):

1. место - Васко Јончиќ од Новаци

2. место - Сашо Симоновиќ од Старо Нагоричане

3. место - Виктор Јаневски од Тумчевиште

Жена учесник

Катерина Јаневска од Тумчевиште

Во комплексот Етно село тројцата најдобри натпреварувачи освоија награди во двете категории и тие ќе ја претставуваат Македонија во Шведска.


Advertisement

2008 - 2025 Kumanovonews.mk • Сите права се задржани. Текстовите не смеат да се печатат или емитуваат, во целина или во делови, без договор со Kumanovonews.mk