Државен натпревар по прва помош во Куманово

09.09.2011 09:03 | KumanovoNews

Екипи на Црвен крст од 24 градови, утре ќе се натпреваруваат на државниот натпревар по прва помош во Куманово. Натпреварувањето ќе се одржи од 10 до 16 часот на Градскиот плоштад.

Државен натпревар по прва помош во Куманово

Повеќето од натпреварувачите се средношколци кои покажале најдобри резултати на општинските натпреватувања, и сега го претставуваат својот град на национално ниво. Тие ќе се натпреваруваат во укажување на прва помош во повеќе ситуации, а најдобрата екипа ќе ја претставува државата на регионалните натпреварувања- вели секретарот на Црвениот крст Иле Митковски.

Покрај натпреварувачки, оваа манифестација има за и размена на искуства и дружење на членовите на Црвениот крст .


Advertisement

2008 - 2025 Kumanovonews.mk • Сите права се задржани. Текстовите не смеат да се печатат или емитуваат, во целина или во делови, без договор со Kumanovonews.mk