Државна матура во август ќе полагаат 250 средношколци од регионот

15.08.2016 09:04 | KumanovoNews

Околу 250 ученици од североисточниот регион се пријавиле да полагаат државна матура во августовскиот испитен рок, од денес до четврток.

Државна матура во август ќе полагаат 250 средношколци од регионот

Во техничкото училиште „Наце Буѓони„ денеска 40 средношколци од Куманово, Крива Палнка, Кратово и Липково го полагаат задолжителниот предмет мајчин јазик, односно македонскиот јазик и литература и албански јазик.

Утре математика ќе полагаат 7 ученика, задутре странски јазик, односно англиски, француски и руски јазик ќе полагаат 150 ученика и во четврток општообразовни предмети ќе полагаат 47 ученика, соопштуваат од Државниот испитен центар.

 На ниво на државата испитот ќе го полагаат 1.802 ученици. Испитите по сите предмети ќе почнат во 10 часот и ќе се реализираат на 11 локации во земјава. Испитниот материјал во училиштата ќе биде однесен на денот на полагањето и по испитот ќе биде вратен во Државниот испитен центар.

  Во вториот испитен рок полагаат матурантите кои во јунската сесија не ја положиле државната матура или не ја положиле во целост.

Advertisement

2008 - 2025 Kumanovonews.mk • Сите права се задржани. Текстовите не смеат да се печатат или емитуваат, во целина или во делови, без договор со Kumanovonews.mk