Државната и јавна администација во Скопје на 29 ноември со скратено работно време, на 30 ноември нема да работи

27.11.2023 14:36 | Сузана Николиќ

Сите вработени во државната и јавната администрација на територијата на градот Скопје на 29-ти ноември (среда) ќе работат со скратено работно време до 12 часот, а 30-ти ноември (четврток) се определува за неработен ден. 

Државната и јавна администација во Скопје на 29 ноември со скратено работно време, на 30 ноември нема да работи

Истиот нема да се одработува. Ова се вели во соопштението на Министерството за труд и социјална политика и се нагласува дека е засновано на одлука на Владата од 14 ноември.

„Оваа одлука се однесува и на основните и средните училишта на подрачјето на град Скопје, меѓутоа напоменуваме дека не се однесува на јавните предучилишни установи, здравствените установи и безбедносните служби на подрачјето на градот Скопје. 

Информираме дека истите треба да изработат сопствени планови кои ќе овозможат непречено функционирање на установите. Се препорачува општините на градот Скопје и Градот Скопје да ги спроведат заклучоците . 

Воедно се препорачува на приватниот сектор на подрачјето на Градот Скопје, а особено во подрачјето на Општина Карпош  и општините кои гравитираат кон Спортскиот центар Борис Трајковски и хотелот Александар Палас да ги спроведат заклучоците.

Ваквата одлука е донесена поради 30-от министерски состанок на ОБСЕ, којшто ќе се одржи на 30 ноември и 1 декември 2023 година во Скопје во организација на Министерството за надворешни работи“, се вели во соопштението.

Advertisement

2008 - 2025 Kumanovonews.mk • Сите права се задржани. Текстовите не смеат да се печатат или емитуваат, во целина или во делови, без договор со Kumanovonews.mk