Државниот врв го осуди нападот во Гошинце

22.04.2015 09:56 | KumanovoNews

По состанокот кај претседателот Ѓорѓе Иванов, државниот врв остро го осуди инцидентот кој вчера се случи во липковското село Гошинце.

Државниот врв го осуди нападот во Гошинце

Состанокот траел до доцна во ноќта, а од Кабинетот на претседателот излегоа со кусо соопштение дека надлежните институции ги преземаат сите неопходни мерки  за расветлување на случајот, пронаоѓање на сторителите и нивно санкционирање.

Државниот врв повикува на одговорно однесување на сите општествени фактори и да не се злоупотребува настанот во какви било цели – стои во соопштението.

На состанокот присуствувале и премиерот Никола Груевски, министерката за внатрешни работи, Гордана Јанкулоска, министерот за одбрана Зоран Јолевски, претседателот на Собранието на РМ, Трајко Велјановски и други релевантни фактори во државата.

Вчера во Гошинце четириесетина косовски државјани ја заземале караулата, ги разоружале четворицата полицајци и по половина час им наредиле да си заминат од местото на настанот. Напаѓачите се претставиле како претставници на УЧК и кажале дека не сакаат Охридски договори, туку сакаат своја држава.

Advertisement

2008 - 2025 Kumanovonews.mk • Сите права се задржани. Текстовите не смеат да се печатат или емитуваат, во целина или во делови, без договор со Kumanovonews.mk