Зачленете се во нашиот клуб на читатели и најновите текстови ќе ги добивате на вашата мејл адреса
Демократската унија за интеграција(ДУИ) вечерва го отвори општинскиот штаб за престојните локални избори во Куманово.
Пред голем број на членови и симпатизери на партијата се обрати шефот на изборниот штаб Илир Саити.
„ДУИ и официјално започна со кампањата на локалните избори 2017. Овој ден е среќен за нас, за активистите и структурата на ДУИ, бидејќи влегуваме во една голема битка за повторување на резултатите од изборите во 2013 година. Ние имаме општински штаб со 8 локални штабови, со 300 активисти во целиот реон на општина Куманово. Од нашето основање во 2002 година ДУИ води фер и демократска кампања, така ќе биде и сега, - изјави Саити.
Носителот на листата Фатмир Идризи, истакна дека програмата на ДУИ содржи мерки за подобар живот на граѓаните на Куманово, додека досегашниот советник Фериз Дервиши, кој е втор на листата, вели дека еден од приоритетите на идните советници ќе биде како и досега соживотот на граѓаните.
„Нашиот ангажман ќе биде на подобрување на животниот стандард на граѓаните, тука спаѓаат: инфраструктурата, образованието, социјалната политика, вработувањето... Посебен акцент ќе дадеме на меѓуетничките односи и соживотот, бидејќи на ова поднебје секогаш сме имале добри односи со останатите етнички заедници, ќе продолжиме и понатаму да ги негуваме и да ги сочуваме благодетите кои ни се дадени во Куманово, - изјави Дервиши.
ДУИ во доегашниот Советот на општина Куманово имаше 4 советника и беше во владеачката коалиција со СДСМ .
2008 - 2025 Kumanovonews.mk • Сите права се задржани. Текстовите не смеат да се печатат или емитуваат, во целина или во делови, без договор со Kumanovonews.mk